Откако Министерството за здравство го обвини докторот Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, за наводни навреди кон вработени етнички Албанци, со реакција се јавија и негови колеги од Клиниката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Докторот Беќаровски од МЗ обвинет дека навредувал етнички Албанци, најави тужба
„Ние, Вработените од УК за токсикологија со редовен заснован работен однос на неопределено време во целост ги демантираме наводите изнесени со Изјава од 26.04.2024 година на група лица без статус на вработени во клиниката, а кои се однесуваат за наводно кажани навреди против Албанци од проф Д-р Нико Беќаровски.
Најостро реагираме и ги демантирамо информациите изјавени во неколку медиуми од Министерство за здравство и сме должни на јавноста да појасниме дека било какви навреди или притисоци на Албанци кои претходно беа ангажирани со договор за дело од страни на проф.Д-р Нико Беќаровски не се упатени.
Доктор Нико Беќаровски е врвен професиналец кој повеќе од 10 години работи ургентна медицина и спасува човечки животи без разлика на етничката припадност или припадност на политичка партии, па поврзувањето неговото име со вакви невистини за политички цели е скандалозно и некоректно и поттикнува нетрпение по национална основа“, стои во реакцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ