еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нови четири години мандат за претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Бранко Грегановиќ

Со Решение издадено од Народната Банка, актуелниот претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Бранко Грегановиќ, доби претходна согласност за нови четири години мандат да ја води Банката, информираат од Банката.

Грегановиќ е ре-именуван за претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, а неговиот нов мандат официјално започнува на 2. јануари, 2024 година.

Функцијата претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Бранко Грегановиќ ја презеде за првпат на 1. јануари, 2022 година, по доаѓањето од НЛБ Банка Белград, каде седум години ги извршуваше функциите претседател на Управниот одбор и главен финансиски директор.

Во изминативе две години откако Грегановиќ ја води НЛБ Банка Скопје, Банката испорача силна кредитна поддршка за населението и бизнис секторот и бележи раст во сите сегменти од работењето, давајќи придонес во стабилноста на макроекономскиот и финансискиот амбиент на државата, и има значаен влог во локалната заедница преку поддршка на општествени организации и институции, спортски клубови и асоцијации, уметност, култура итн., велат од Банката.

Бранко Грегановиќ има повеќе од 30 години искуство на високи позиции во банкарскиот и корпоративниот сектор на словенечкиот, австрискиот и српскиот пазар, но и богато искуство во јавниот сектор, извршувајќи високо стручни функции во словенечкото Министерство за финансии и Централната банка.

Грегановиќ има универзитетска диплома по економија и две одбранети магистерски тези од областа на економијата, една на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, а втората на Лондонската бизнис школа при Универзитетот во Лондон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Без професионална планинска спасителна служба, ќе имаме уште многу случаи како премрзнатиот сточар од Кратово

Редакција

„Да не го донесе Владава Фејсбук и Инстаграм во Македонија што не работат?!„: Твитер реакции

Редакција

За кого гласаше Македонија на Евровизија

Редакција