еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Обвинителството бара построга казна за усмртувањето на Теодора Ристовска

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Тетово поднесе жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 7. април годинава, со која Менсур Пајазити, кој ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска на пешачки премин во Тетово, беше осуден на две години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Менсур Пајазити кој ја прегази Теодора Ристовска на пешачки во Тетово, осуден на две години затвор

Обвинителството бара преиначување на казната во повисока, оценувајќи дека Судот изрекол санкција која е „преблага во однос на тежината на стореното кривично дело и степенот на кривична одговорност“, посочувајќи го фактот дека во несреќата е усмртена Ристовска.

„Општиот јавен интерес, како и зачестеноста на вакви кривични дела како појава, укажуваат на потребата од јакнење на казнената политика како превентивен механизам“, велат од ОЈО Тетово.

Надлежниот обвинител исто така го земал предвид ставот на Судскиот совет изнесен во текот на постапката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судијата не можел да изрече повисока казна за возачот што ја усмрти Теодора, констатира Судскиот совет

Иако семејството на Ристевска нема право на жалба во оваа фаза, тие писмено се обратиле до Обвинителството, барајќи да ја обжали пресудата.

Сега случајот е во рацете на Апелацискиот суд во Гостивар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е судијата Ељведин Ферати кој пресуди две години затвор за возачот кој ја усмрти Теодора Ристовска

Каков имот пријавил Ељведин Ферати, судијата кој пресуди две годи затвор за возачот кој ја усмрти Теодора Ристовска

Бура од реакции за казната затвор од само две години за возачот кој ја усмрти Теодора Ристовска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кинескиот град Вухан во сообраќајна изолација заради коронавирусот

Редакција

(Фото) „Алкалоид“ со втора масовна крводарителска акција годинава

Редакција

Шест работи кои успешните луѓе ги практикуваат на почетокот на неделата

Редакција