Денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството на 14-годишата Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.
Сите обвинети се изјаснија за невини, а на последното рочиште еден од нив, Влатко Кешишов, го смени исказот и рече дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, не бил присутен за време на убиствата на Ѓорчевска и Жежовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кешишев ја повлече изјавата дека Палевски бил прустен за време на убиствата на Вања и Панче
Другите обвинети се Боре Видевски, Велибор Манев и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.
Пред стартот на денешното рочиште обвинителката Жаклина Крстевска, која го застапува обвинението, изјави дека Јавното обвинителство има материјални докази дека Палевски е сторителот на двојното убиство и дека нема да влијае изјавата на Кешишов, која според неа во оваа фаза од постапката нема доказна вредност.
Судија е Ивица Стефановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палевски по бегството во Турција изнајмил куќа за три месеци
Палевски поправал котел на пријател ден по убиството на Вања, за претходниот рекол дека бил настинат
Фото: Унсплеш