еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Обвинителство истражува нереќа во Карпош, каде што во парк дрво падна и повреди дете

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје ги испитува причините за вчерашната несреќа во скопски Карпош во која, по пад на гранка од дрво беше потешко повредено 10-годишно дете.

Од Обвинителството информираат дека во координација на јавен обвинител и екипи на Министерството за внатрешни работи е извршен увид на местото.

Издадени се наредби за обезбедување на целокупната документација за утврдување на староста на дрвото и за евентуалните барања за негово сечење и отстранување, а дополнително, се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат сознанија во насока на утврдување на евентуална кривична одговорност за настанот

„Дополнително, се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат сознанија во насока на утврдување на евентуална кривична одговорност за настанот“, информираат од Обвинителството.

Несреќата се случи вчера кога 10-годишното дете случајно поминувало во паркот меѓу улиците „Никола Русински“ и „Карпошево востание“ во скопски Карпош. Со потешки телесни повреди, детето е пренесено во Ургентниот центар и сè уште е хоспитализирано и под опсервација.

Од Општина Карпош, вчера информираа за несреќата, и го обвинија Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ оти дотраеното дрво не било отстрането иако подолг период било обележано за сечење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарско МНР: 88.450 граѓани на РС Македонија имаат бугарско државјанство, не смееме да ги предадеме

Редакција

Македонија на 34 место според новозаразени од Ковид-19 во Европа

Редакција

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Задушница

Редакција