еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Обвинителство ќе ја испитува техничката исправност на автобусот на ЈСП, кој се качи на жардиниера кај Мавровка

Врз основа на поднесено писмено известување од МВР-СВР Скопје Одделение за увиди на сообраќајни незгоди, за настан во кој возач на автобус на ЈСП Скопје на 8. јули изгубил контрола врз возилото за јавен превоз, отишол во лево и удрил во бетонска жардиниера на булеварот „Гоце Делчев”, при што со телесни повреди биле евидентирани возачот на автобусот и двајца патници, Основното јавно обвинителство Скопје оформило предмет и презема дејствија за испитување на настанот.

„Надлежниот јавен обвинител ќе ги испита и наводите што се изнесени преку јавно искажани изјави од учесници во настанот и од други лица со кои се укажува на незаконитости во работењето на ЈСП Скопје, во поглед на исправноста и одржувањето на автобусот со кој се случи незгодата.

За таа цел е ангажирано вешто лице од областа на машинството и издадена е наредба за преземање мерки до МВР – Биро за јавна безбедност да обезбеди податоци и документација од ЈСП Скопје во однос на одржувањето, сервисирањето и исправноста на автобусот, како и организацијата на работниот процес.

Согласно наредбата, во присуство на вештото лице ќе се изврши проверка на исправноста на автобусот. Дадени се насоки да се извршат и разговори со лица кои имаaт сознанија за настанот,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На автобусот на ЈСП кој вчера се качи на жардиниера кај Мавровка, му се закочил воланот и бил технички неисправен, вели возачот

(Фото) Автобус на ЈСП се качи на жардиниера кај Мавровка, три жени се повредени

Патник и возачот пренесени во болница: Детали од МВР за сообраќајката на автобусот на ЈСП кај Мавровка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца повредени при пожар во угостителски објект во Скопје

Редакција

Нови 236 случаи на Ковид-19 од 2.212 тестови, 38 се реинфекции

Редакција

Двајца пациенти на дијализа добија бубрег од починат донор, направена и експлантација на коскени ткива 

Редакција