еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одбиена жалбата, потврден притворот за судијата Наке Георгиев

Одбиена е жалбата на врховниот судија Наке Георгиев, кој доби 30-дневен притвор за поткуп од 10 илјади евра.

Како што информираа денеска од Основниот кривичен суд Скопје, Кривичниот совет од Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Судот донел одлука тој да остане во притвор.

„Денеска, по барање на одбраната на осомничениот одржа јавна седница на која по произнесување на одбраната и обвинителот во однос на наводите во предлогот за определување мерка притвор донесе решение со кое жалбата на одбраната се одбива како неоснована и се потврдува решението на судија на претходна постапка со кое му се определува мерка притвор во траење од 30 дена, заради постоење на основите од чл. 165 ст. 1 т. 2 и 3 од ЗКП.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“, велат од Судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е судијата Георгиев кој поради поткуп доби притвор од 30 дена

Каков имот пријавил судијата Георгиев, кој заврши во притвор за поткуп

Судијата Георгиев го пријавил синот на Стојчев и е фатен на дело, за Мемети нема доволно докази: Детали од Обвинителството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчка Ајефимерида: Од тајните фондови на грчкото МНР со 1 милион евра биле финансирани македонски и албански медиуми

Редакција

Кривична за полициски службеник од Македонска Каменица за „загрозување на сигурноста“

Редакција

Фросина Ременски именувана за конзул на Македонија во Венеција

Редакција