еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од вечерва на полноќ пониски цени на бензините и дизелот

Од вечерва на полноќ се намалуваат цените на бензините и дизелот, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Цената на бензинот Еуросупер 95 се намалува за 0,5 денари и ќе изнесува 82.5 денари по литар.

Цената на Еуросупер 98 се намалува за 1 денар и ќе изнесува 84,5 денари по литар.

Цената на Еуродизел се намалува за 0,5 денари и ќе изнесува 78 денари по литар.

Се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство, кое поевтинува за 1,5 денари, и ќе се продава за 76 денари по литар.

Се зголемува цената на мазутот, и од 42,9 денари ќе изнесува 43,3 денари по литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст на депозитите и кредитите во првиот квартал годинава

Редакција

85,6% од починатите од Ковид-19 во Македонија имале претходно заболување, најчесто кардиоваскуларна болест

Редакција

“Балканики аноними етериа петрелеу“ купи уште 133 акции на ОКТА

Редакција