Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) информираше дека согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија грејната сезона завршува на 15. април 2025 година и стартува т.н преоден период кој трае до 30. април.
Од утре, па се до крајот на април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 ºС снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 º C.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.