еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија до мај треба да го смени законодавството за слободно здружување на Македонците или ќе ја ја исфрлат од Советот на Европа, тврди адвокатот Менкиноски

Македонците во Бугарија како малцинство досега имаат издвојувано вкупно 17 судки победи против Бугарија во Стразбур, вели за телевизијата Телма, адвокатот на нивните здруженија во Европскиот суд за човекови права, Тони Менкиноски и посочува дека Бугарија има време до мај да го смени законодавството и да им овозможи слободно здружување.

-Бугарија во изминатиот период нон-стоп доставува извештаи на шест или девет месеци до Комитетот на министри на Советот на Европа, со кои тврди дека не може да ги исполни овие услови како на пример со изговори дека извршната власт не може да се меша во правосудната, итн..

Советот на министри беше трпелив до сега, до последната сесија (н.з. есента 2022 година) кога и даде конкретен рок во кој бара од Бугарија да го смени нејзиното законодавство до мај 2023 година, да се исполнат овие пресуди. А доколку не се исполнат до мај пресудите, во септември Комитетот на министри при Советот на Европа ќе заседава и во врска со ова прашање.

Постои опција дека Бугарија ќе биде ставена на тапет. И да се покрене постапка и процедура за исклучување на Бугарија од Совет на Европа од причина што не ја почитува Европската конвенција за човекови права, која е основа и темел на Совет на Европа, вели за Телма, Менкиноски.

Тој смета и дека актуелните дипломатски напади од Софија се резултат на мајскиот рок за Бугарија.

-Има смисла во тоа дека е причината поради која Бугарија е моментално нервозна и има ваква офанзивна надворешна политика кон Македонија. За жал македонската дипломатија тука воопшто не партиципира во смисла да ја демократизира Бугарија во делот кој се однесува на остварување на основните човекови права, вели Менкиноски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија во топ 10 најосудувани држави пред Европскиот суд за човекови права

Николоски од Стразбур: Бугарија не ги почитува јазичните и културните права на Македонците

Фото: Фејсбук/Менкиноски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“СЈО да го преслуша телевоутингот„: Твитер за историскиот успех на Тамара на Евровизија

Редакција

Лавров и Блинкен на едно место: Во Скопје денеска почнува Самитот на ОБСЕ

Редакција

„Пандора документи“: Српскиот министер за финансии, Мали, купил 24 стана на Црно море во Бугарија

Редакција