еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од утре значителен пад на температурата, и до 8 степени

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека утре ќе настапи позначителна промена на времето поради влијание на влажна и постудена воздушна маса од север.

Промената на времето ќе почне вечер од запад каде што облачноста постепено ќе се зголемува.

И во Скопје облачноста ќе се зголеми во текот на ноќта.

Од утринските часови најпрвин во северните делови ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер, наместа над 70 километри на час кој ќе продолжи и во понеделник.

Дневната температура значително ќе се намали – утре за 6 до 8, а во понеделник уште за дополнителни 4 до 6 степени.

Во вторник и среда времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Од четврток пак се очекуваат нови врнежи од дожд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„ЗСФ КОМ“ на Фатмир Етеми повторно ја зголеми сопственоста во „Скопски пазар“

Редакција

Се работи турбо: Нова тура маски за медицинските работници и опфатени многу клиники

Редакција

Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев најпопуларни политичари во изминатите три децении

Редакција