еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Оилко лани со зголемини приходи

Оилко КДА Скопје лани остварил вкупни приходи од 845,332 милиони денари и во однос на претходната година истите бележат зголемување од 9,36%, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Во структурата на вкупно остварените приходи, најголемо учество имаат приходите од продажба на домашен пазар со 82,08%, кои во споредба со остварените приходи од продажба на домашен пазар во 2023 година се зголемени за 7%.

Остварените вкупни расходи во 2024 година изнесуваат 629,638 милиони денари и во однос на минатата година бележат зголемување од 21,9%.

Во структурата на вкупно остварените расходи, најголемо учество имаат трошоците за вработените со 37,71%, кои во споредба со остварените трошоци за вработените во 2023 година се зголемени за 31 %.

Во 2024 година, Друштвото оствари добивка по оданочување во износ од 202,768 милиони денари и истата е намалена за 14,91% во однос на добивката по оданочување остварената во 2023 година.

Ваквиот резултат се должи на незначително зголемување на оперативните приходите од транспорт на деривати на домашниот и странскиот пазар и истовремено значително зголемување на оперативните расходи како резултат на зголемените трошоци за вработените и реализираните трошоци за успешно спроведена постапка за преземање на обични акции со право на глас, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оилко лани со зголемена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за правда вработува девет лица, плата до 28.302 денари

Редакција

Маж во бегство, скопјанка во притвор за убиството на мажот кој изгоре во стан во скопски Хром

Редакција

(ВИДЕО) Потресни снимки од Украина: Цивилите масовно ја напуштаат земјата

Редакција