еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Орбан му понуди на Мицкоски Унгарија да посредува во спорот со Бугарија, имал план

Унгарскиот премиер Виктор Орбан кој е во посета на Македонија, на македонскиот колега Христијан Мицкоски му понудил Унгарија, која периодов преседава со Европската Унија (ЕУ), да посредува во спорот на земјата со Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Кој сѐ го пречека унгарскиот премиер Орбан

– Останува да видиме дали Софија ќе прифати, рече тој на заедничката прес-конференција со Мицкоски во Охрид, нагласувајќи дека голема неправда ѝ прави ЕУ на Македонија.

– Следната станица е спогодба и јас имам предлог. Сакам да посредуваме во ова прашање. Дали Бугарија е подготвена да прифати да бидеме посредници, тоа е работа на таа земја. Ние на Мицкоски му понудивме да бидеме посредници.

Тешко е да се разбере зошто Албанија е издвоена. Тешко е тоа да го разбере една нација. Сакам да нагласам дека национална гордост е најважно за една нација, а одлуката на ЕУ претставува токму повреда на националната гордост во Северна Македонија.

Тоа создава рани, голема грешка е што вие не сте членка на ЕУ и грешка е што друга земја, Албанија, се форсира. Вие до крајот на годинава мора да ги отворите преговорите со ЕУ, рече меѓудругото Орбан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ќе почне преговори со ЕУ кога ќе ги внесе Бугарите во Уставот, порачаа од Европската комисија

Потенцираше и дека зачленувањето на Македонија во ЕУ е важно и за Унгарија.

-Најважна тема е зачленувањето на Македонија во ЕУ и Унгарија како претседавач со ЕУ сака да помогне. Нашиот став е јасен, зачувувањето на Западен Балкан е важно за неговата стабилност, но и за стабилноста на Унгарија, па и на самата ЕУ. Унијата во меѓувреме ја загуби динамиката и затоа мора да обезбедиме проширување.

Не го одминуваме фактот дека Унгарија и Молдавија добија вонредно забрзување кон ЕУ, но мора да ги почитувавме земјите кои долго години работат на зачленувањето. Нивниот застој во процесот, како во случајов со Северна Македонија, не е фер. Подготвени сме да разговараме за овие прашања и да работиме на тој план, рече Орбан.

Тој нагласи дека Македонија е многу важна за безбедноста на Унгарија и од аспект на Коридорот 10.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Задоволство во Бугарија оти Македонија ќе се одвои од Албанија на европскиот пат

Албанија се одвојува од Македонија на патот за влез во ЕУ, објави „Еуроактив“

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако Софија каже „не“ за ЕУ и по изборите, полскиот претседател лично ќе се заложи да се реши прашањето

Редакција

Приведен екс-пратеникот Љубомир Јосифовски поради сомнеж за неовластен упад во компјутерскиот систем на Централниот регистар

Редакција

ДИК ги објави конечните резултати: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15 АА 12, Левица 2 и ДПА 1 мандат

Редакција