И од Алтернатива, која е дел од коалицијата „Вреди“, која ќе биде дел од новата влада ги објавија кандидатите за министер и заменици-министри.
Поранешниот генерален директор на МЕПСО и на Македонски железници – транспорт, Орхан Муртезани е кандидат на Алтернатива за министер за европски прашања. Тој е и актуелен секретар за односи со јавност и портпарол на партијата.
Од таму за заменик-министер за образование го предлагаат Лулзим Алиу. Тој е универзитетски професор и продекан на Педагошкиот факултет. Алиу е поранешен заменик-министер за образование, а во моментов во партијата ја извршува функцијата секретар за стратегиски политики.
За заменичка-министерка во новото Министерство за етнички заедници, Алтернатива ја предлага Сафије Садики-Шаини. Таа е универзитетски професор, поранешна пратеничка и потпреседателка на Алтернатива.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познати кандидатите за министри на ЗНАМ
Познати кандидатите на Беса за идни министри
Фото: Алтернатива