еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Палевски вели дека е невин и дека е наместен, имал докази

Првоосомничениот за убиството и киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски Палчо на првиот распит во Јавното обвинителство кажал дека е невин, дека не ги знае другите обвинети и дека ќе достави докази за овие негови тврдења, информираше синоќа неговиот адвокат Марјан Витановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во куферот на Палевски со кој влезе во Шутка имало евра, лири и телевизор

Тој рекол и дека е обвинет поради политички недоразбирања со определени претставници од власта.

– Обвинениот даде исказ пред Обвинителството, во целост негира конкретна поврзаност со кривичното дело, негира поврзаност со обвинетите по кој било основ, негира постоење на каков било договор за сторување на ова кривично дело, тврди дека не е виновен и дека не презел ниту едно дејствие како што е наведено во наредбата за негово спроведување на истрага.

Даде одбрана посочувајќи факти и определени докази кои дополнително ќе ги доставиме.

Не знаеме со какви докази располага Обвинителството, бидејќи до оваа фаза на постапка немавме ниту можност да извршиме увид. Засега остануваме на тоа и на неговото тврдење дека воопшто не е сторител на кривичното дело.

Причиите поради кои е посочен како обвинител во оваа постапка посочи дека се работи за некои претходни непријателства, па дури и некакви политички недоразбирања со определени претставници од власта, кажа Витановски по распитот кој траеше неколку часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски се уште не бил на распит, дали тој е убиецот на Вања и Панче?

(Видео) Како беше донесен Палевски во Шутка

Фото: Палевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ревизорите откриваат: ВМРО-ДПМНЕ не може да најде уметник за да му плати 380.000 евра за 271 уметничка слика

Редакција

Кои се хотелите кои најмногу „ќариле“ од ваучерите за поддршка на домашниот туризам

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на Фондот за здравство за набавка на масло за греење вреден 4,7 милиони денари

Редакција