Телеметриската сеизмолошка мрежа, на сеизмолошките станици инсталирани ширум Македонија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утрово, 12.08.2024 година, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Делчево – Берово, 124 km југоисточно од Скопје.
Земјотресот се случи во 04 часот и 48 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.4.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите во градот Пехчево и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео+фото) Изгоре единственото противпожарно возило во Пехчево, каде што беснее пожар
Фото: Општина Пехчево
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.