еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поевтинуваат дел од горивата

Од вечерва на полноќ цената на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 1 денар, а за 0,50 денари цената на Еуросупер БС-98, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС, а цените на бензинот Еуросупер БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Еден литар дизел со новата одлука ќе се продава за 70 денари, цената на Еуросупер БС-98 ќе биде 78 денари за литар, а цената на мазутот ќе изнесува 45,775 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Заев и СДСМ се најголеми непријатели на правдата: Нов протест на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Македонија – земјата која повеќе не сака да биде на делови, пишува францускиот сатиричен неделник „Шарли Хебдо“

Редакција

Во јануари пад на прометот во индустријата од 12,8%

Редакција