еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија ќе го бојкотираат Советот на ОБСЕ

Естонија, Летонија и Литванија соопштија дека ќе го бојкотираат Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, доколку присуствува и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на трите балтички земји, се вели дека „присуството на Лавров носи ризик да се даде легитимитет на агресорот Русија како законски член на нашата заедница на слободни нации, да ги банализира ѕверските злосторства што Русија ги направи, како и очигледнору руско кршење и презир на основните принципи и обврски на ОБСЕ“.

Шефот на естонската дипломатија Маргус Цахкна вели дека „Русија ќе ја искористи оваа можност да ја шири својата пропаганда и да го поткопа единството на Западот“.

„Местото на Лавров е на специјален трибунал, а не на масата на ОБСЕ,“ рече Цакхна.

Според ротирачкиот принцип Естонија требаше да го преземе претседавањето со ОБСЕ во 2024 година, но поради противењето на Русија и на Белорусија, на челното место во организацијата најверојатно ќе дојде Малта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров доаѓа во Скопје, Бугарија го отвори небото

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

345 лица од Ковид-19 починале надвор од болница

Редакција

„Фридом хаус“: Македонија бележи напредок, но останува „делумно слободна“ земја

Редакција

Заев ја испрати оставката до Собрание, еве што пишува во неа

Редакција