еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ако имате лет за време на Советот на ОБСЕ, тргнете навреме имајќи го предвид посебниот сообраќаен режим, апелираат од ТАВ

Скопје утре и задутре ќе биде под посебен сообраќаен режим имајќи го предвид одржувањето на Советот на ОБСЕ.

Од ТАВ Македонија информираат дека авиосообраќајот ќе се одвива регуларно, но патниците треба да имаат предвид, како на време да стигнат на аеродром.

„ТАВ Македонија известува дека авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје во следните неколку дена – 29 ноември, 30 ноември и 1. декември, за време на одржувањето на 30. Министерски совет на ОБСЕ во Скопје, ќе се одвива регуларно, но притоа апелира до патниците да ги следат насоките и известувањата на Министерството за внатрешни работи во врска со сообраќајниот режим низ градот Скопје, со цел да бидат во можност да пристигнат на своите летови, односно на аеродромот навреме,“ се вели во соопштението.

Фото: ТАВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.128 случаи на Ковид-19 од 3.082 тестирања, најмногу во Скопје 569

Редакција

Судењето за „27 април“ продолжува на 15 јануари, денеска се разгледуваа доказите на одбраната на Игор Југ

Редакција

Што порачаа МПЦ и ИВЗ за референдумот за името

Редакција