еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поскапуваат горивата

Од вечерва на полноќ дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за два денари, бензинот Еуросупер БС-95 за 1,5 денар, а Еуросупер БС-98 за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Литар дизел сега ќе чини 78 денари, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 88,5 денари по литар, а Еуросупер БС-95 за 86,5 денари.

Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 77 денари по литар, а мазутот за 45,173 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжи вакцинацијата на Македонци во Србија: Се вакцинираа и вработени од Алкалоид, Тиквеш, Македонски телеком, Витаминка…

Редакција

Топ 5 најниски нето-плати во јули

Редакција

(Галерија) Креативни и оргинални македонски заштитни маски

Редакција