еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Вархеји не очекува промена на Преговарачката рамка за Македонија

Еврокомесарот за проширување и соседски прашања, Оливер Вархеји во изјава за за бугарската агенција БГНЕС вели дека критериумите за членство на Македонија во Европската Унија се многу јасни и дека не очекува некаква промена во Преговарачката рамка.

„Критериумите се многу јасни од 2022 година, кога беше усвоена Преговарачката рамка. Тие мора да се исполнат и во оваа смисла не очекувам некаква промена. Не мислам дека земјите членки ќе сакаат да ревидираат некој од условите. Јасно е дека тие мора да се исполнат.

Се надевам дека веднаш по изборите новата влада во Северна Македонија ќе ја преземе оваа работа и ќе продолжиме со исполнување на критериумите“, вели тој.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Во живо) Војна на улиците на Париз

Редакција

Годишен раст од 7,2% на депозитите и од 5,2% на кредитите во ноември

Редакција

Дејан Панделески си даде оставка од местото претседател на Одборот на директори на Бетон-Штип

Редакција