еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Потврдите за неосудуваност достапни електронски

На Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk се достапни две нови услуги од основните судови, Уверение од кривична евиденција за физички лица и Уверение од кривична евиденција за правни лица, изјави на прес-конференција министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Министерот дополни дека станува збор за најкористените тековни услуги од судовите, кои заедно со комплетирањето на пакетот на судски потврди што секојдневно им се потребни на граѓаните и компаниите го сочинуваат пакетот за неосудуваност.

„Во овој пакет, веќе дигитализирани се и Потврдата од казнена евиденција и Потврдата за изречена забрана на вршење професија, дејност или должност. Станува збор за документи кои се често потребни во секојдневниот живот – за вработување, аплицирање за јавни повици, образовни постапки и многу други правни и административни процедури,“ рече Андоновски.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хакирана Фејсбук – страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Редакција

Две лица се ранети при пукањето во „Ист Гејт“, тешко бил повреден Раде Трајковски Штекли

Редакција

(Видео) Нови тензии во Собрание: Џафери ја заклучи вратата на салата и ги исклучи микрофоните

Редакција