еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Хакирана Фејсбук – страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Фејсбук страницата на Мисијата на ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка на Европа) во Скопје вчера била хакирана.

-ОБСЕ потврдува дека Фејсбук-страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје е хакирана. Ве молиме имајте предвид дека сите пораки кои доаѓаат од таа сметка до понатамошно известување не се авторизирани од ОБСЕ, пишува во нивната објава.

По хакирањето страницата на Мисијата на ОБСЕ во земјава е преименувана во „Đỗ Thị Thanh Tâm“.

Во моментов со ОБСЕ претседава Македонија. Претседавањето ќе трае во текот на целата 2023 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Загина велосипедист на обиколницата кај Скопје, друг со тешки телесни повреди пренесен на Клиника

Редакција

Не се работи за никаков „главен град“, туку за „центар“ на Албанците во Македонија, велат од Општина Тетово

Редакција

Сертификатот за вакцинација ќе важи 9 месеци по втората доза, за тие со трета нема ограничувања: Кои се новите услови за влез во Грција

Редакција