еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не се работи за никаков „главен град“, туку за „центар“ на Албанците во Македонија, велат од Општина Тетово

Повеќе реакции предизвика денешната порака преку социјалната мрежа Фејсбук од профилот на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами напишана само на албански јазик (Mirë se erdhët në kryeqendrën shqiptare në Maqedoninë e Veriut), чиј автоматски превод на мрежата е: “Добродојдовте во главниот град на Албанците во Северна Македонија“, објавена по повод приемот на дваесетина градоначалници Албанци од регионот

Од Општина Тетово попладнево испратија дополнителен став со кој градоначалникот Касами обвинува за злоупотреба на неговата порака.

-Не се работи за никаков „главен град“, туку за „центар“ на Албанците во Македонија. Во објавата стои многу јасно тоа што сакавме да го кажеме. Тоа е реалноста, а тие што сакаат да ја злоупотребат, се обидуваат да и дадат друга насока, вели Биљал Касами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изјавата на Касами е дискриминаторска за македонскиот народ и сите други кои живеат во Тетово, велат од ВМРО-ДПМНЕ

За Касами Тетово е главен град на Албанците во Македонија

Осуда за изјавата на Касами од ЛДП и СДСМ

Фото: Општина Тетово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство отвори предмет за фејсбук-статус на лидерот на Левица, Апасиев

Редакција

Западен Балкан еден од приоритетите во надворешната политика на Бајден

Редакција

„Макпетрол“ ќе овозможи работилници против врсничко насилство и во Општина Виница

Редакција