еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Осуда за изјавата на Касами од ЛДП и СДСМ

Во недостаток на идеи и проекти дел од опозициските партии продолжуваат да играат на картата на национализмот и да се обидуваат да ги влошат меѓуетничките односи и да ги разнишаат европските вредности, регираат од Либерално демократската партија на Фејсбук статусот на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Касами Тетово е главен град на Албанците во Македонија

-Либерално-Демократската партија најостро ја осудува скандалозната објава на лидерот на БЕСА и градоначалник на Тетово, Билал Касами, во која на социјалната мрежа Фејсбук напиша: „Добредојдовте во албанскиот главен град во Северна Македонија!“.

Либерално-Демократска партија упатува порака дека Македонија е мултиетничка држава и Тетово е и ќе биде мултикултурен град, а не главен град на Албанците.

Како либерал-демократи секогаш приоритет ќе ни биде почитување и обезбедување еднакви права и можности за сите граѓани на Македонија.

Симптоматично е што оваа објава доаѓа само неколку недели по барањето за формирање Заедница на албански општини, по теркот на она што се договара за Косово, барање кое дојде од Алтернатива, уште една опозициска партија од албанскиот политички блок, велат од партијата.

ОО на СДСМ: Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

Општинската организација на СДСМ од Тетово му порача на градоначалникот Биљал Касами дека не треба да фаворизира една етничка група кога зборува за градот.

-Градоначалникот на Тетово Касами очигледно нема ориентација во просторот. Недостојно е за еден градоначалник кој својата плата ја зема од парите на тетовчани кои се и Македонци и Албанци и Турци и Срби, Роми и други, да споделува вакви ставови фаворизирајќи една етничка група.

Да го потсетиме градоначалникот Касами дека на таа функција дојде благодарение на поддршката која му ја даде ВМРО-ДПМНЕ, односно со помош на македонските гласови.

Очекуваме и неговиот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ да излезе со осуда на ваквите ставови на нивниот градоначалник, се вели во соопштението на СДСМ Тетово.

Фото: Касами/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Задоволство во Бугарија оти Македонија ќе се одвои од Албанија на европскиот пат

Редакција

Колку е важно навреме да се открие карциномот на бели дробови?

Редакција

Проф. Трајковски: Околу 10 или 11 септември бројот на заболени од Ковид-19 ќе се намали на 500 дневно

Редакција