еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина Оливера Николова, една од најчитаните и најнаградувани македонски пистателки

На 88-годишна возраст почина Оливера Николова, една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки.

Дипломирала на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Целиот работен век го поминала во Македонската радио-телевизија, работејќи како уредник и драматург. Таа e член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1963 година.

Оливера Николова е автор на неколку телевизиски игри: „Зоки Поки“ (тв-куклена серија); „Среќен пат, Зоки!“ (тв-куклена серија, со Глигор Поповски и Видое Подгорец); „Девојките на Марко“ (тв-серија во шест епизоди). Исто така, таа е автор и на неколку радио-игри: „Земја во која не се стигнува“, „Игра за мама“, „Од палец до сон“, „Како расте татковината“, „Големото зошто“ итн.

Николова е најпозната како автор на првиот градски лик во македонската книжевност – Зоки Поки.

За своето творештво, Николова добила бројни награди. Така, за „Земја во која никогаш не се стигнува“ во 1966 година ја добила наградата на РТВ Скопје и СВП. Во 1975 година повторно ја добила истата награда, овојпат за делото „Пријателите Бон и Бона“. Во 1977 година по третпат ја добила таа награда, за делото „Мојот звук“, кое се закитило и со наградата „Младо покољење“ за 1978 година. Исто така, таа е добитник на „Змаевата награда“ за 1983 година за посебни постигнувања во современиот израз на литературата за деца.

Во октомври 2012 година, за романот „Куќичка“, таа беше номинирана како македонски претставник за наградата „Балканика“.

Во декември 2013 година, Оливера Николова го одбележала јубилејот 50 години од литературното творештво, исто колку и познатиот лик од нејзините раскази за деца, Зоки Поки. По тој повод, издавачката куќа „Детска радост“ објави избор од творештвото на Николова во три тома, насловени како: „Ти чука ли срцето за мене?“, „Ми чука ли срцето за тебе?“ и „Ни чукаат ли срцата за нас?“.

За своето книжевно дело, Николова ги освоила наградите „Стале Попов“, „Рациново признание“, два пати „Роман на годината“, „Рациновото признание“ и наградата „ПрозАРТ 2022“ на фестивалот „Про-за Балканот“ за авторски придонес за развојот на книжевноста на Балканот.

Во февруари 2016 година, за романот „Кадифената покривка“ (издание на „Матица македонска), Николова ја добила наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2015 година. Истовремено, романот „Куќичка“ бил објавен на српски јазик, во издание на „Арка“ од Смедерево.

Годинава доби и Орден за заслуги од поранешниот македонски претседател Стево Пендаровски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кина нема да воведе санкции за Русија поради Украина

Редакција

Автобусите на ЈСП поради државниот празник 8 Септември ќе возат според неделен возен ред

Редакција

Убава вест: 353 оздравени од Ковид-19

Редакција