еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Почнува битката за почитување на духот на Охридскиот договор, најави Ахмети

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска на прес-конференција со партиските лидери од коалицијата Европски фронт рече дека Охридскиот договор бил прекршен затоа што не бил почитуван легитимитетот на нивните гласачи и оттука, тој најави битка за почитување на духот на тој договор.

Ахмети истакна дека Охридскиот договор „се засновал на легитимноста и обичајното право на застапување од страна на оние кои го имаат легитимитетот на заедниците.“

„Ние не дозволуваме овој договор ниту да се загрози, ниту да се прекрши и целосно сме мобилизирани и организирани за одбраната на легитимноста. Нас луѓето не прашуваат, зошто ние да гласаме кога некој друг одлучува за нашата определба.

Ние сме дејствувале како луѓе кои сме добиле легитимност од гласачот, и вчера во Собрание бевме на верификација на мандатите, но го напуштивме Собранието затоа што се чувствуваме омаловажени затоа што се прекрши легитимитетот на сите тие што гласале на 8. мај.

Не станува збор за бојкот, ние ќе ги користиме сите демократски механизми во одбраната на легитимитетот,“ рече Ахмети.

На новинарско прашање дали во 2017 година бил прекршен Охридскиот договор кога ДУИ состави Влада со партијата која не победи на изборите, Ахмети со одговор дека одговорноста ја сноси мандатарот.

„Одговорноста за државно организирање ја сноси мандатарот. ДУИ во тоа време и овој случај со Фронтот не е мандатар и одговорноста за стабилноста, добри меѓуетнички односи, политички процеси, за важни процеси во кои ние се наоѓаме како во однос со соседите, така и во однос со Брисел одговорноста, ја сноси мандатарот,“ рече Ахмети.

Според Ахмети, кога не се почитува духот на Охридскиот договор, државата се враќа во други системи и времиња кои колективно се напуштени, а дека непочитувањето на легитимитетот е понижување за Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и другите.

Фото: Фејсбук/Ахмети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Стартува „Одлучен удар 21”: Војници од Македонија, САД, Бугарија и Грција на заедничка вежба на Криволак

Редакција

Две лица уапсени за киднапирањето на внукот на Љубе Бошкоски, Обвинителството побара притвор

Редакција

Ковачевски пред пратениците: Да се посветиме на економијата, на платите и пензиите, на поддршка на компаниите

Редакција