еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По неколку години обвинение за Мерко за набавката на „аудито“ вредно 67 илјади евра

По неколку години предистрага, дури сега е поднесено обвинение за градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, кадар на владејачката ДУИ, за набавката на луксузното „ауди“, информира денеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

За Мерко, кој е на „црната листа“ на САД, Антикорупциската комисија во 2020 година поднесе иницијатива за кривично гонење за набавката на патнички возила од страна на Општината, меѓу кои и „аудито А6“, вредно 67 илјади евра, но Обвинителството тогаш го затвори случајот во фаза на предистрага, иако и Државна ревизија утврди дека тендерот е спроведен во време на финансиска нестабилност на Општина Струга.

Тој се товари за злоупотреба на службена положба и овластување за аудито и му се заканува затворска казна од една до пет години затвор.

Обвинението е поднесено во Кривичниот суд во Скопје, но доколку овој суд се прогласи за ненадлежен, предметот, со сите докази, ќе биде пратен во струшкото Обвинителство за по него да постапува Судот во Струга.

За Мерко досега нема друго обвинение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто Македонија не побара докази против Мерко од САД, кој шест месеци е на „црната листа“

Антикорупциска бара Мерко кривично да се гони за отуѓување на земјиште во центарот на Струга

„30 предмети поврзани со Мерко, ниедно судење, ниедна пресуда“: Твитер реакции

Фото: Мерко/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на заболените од грип од 20.000 годинава скокнал на 37.000, можно е тестирање од корона вирус

Редакција

Денеска прва седница на Владата предводена од новиот премиер

Редакција

Жителите на Рамни Габер го заклучиле објектот каде што требало да се гласа

Редакција