еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

По пад од кров почина поранешниот пратеник Миле Андонов

По пад од кров на неговата викендичка на Осогово каде извршувал градежен зафат, вчера на 61-годишна возраст почина поранешниот пратеник на СДСМ, Миле Андонов од Кочани.

Како што информираше Министерството за внатрешни работи (МВР) лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт, а неговото тело е предадено на обдукција.

Андонов беше дипломиран економист, повеќе години водеше приватен бизнис во областа на текстилството, а во три мандати, во периодот од 2008 до 2016 година беше пратеник.

Фото: СДСМ/Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одложено судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, се чека обвинението за Палевски

Редакција

Ракометарот Денис Тот пронајден во бессознание во Градски парк, почина на КАРИЛ

Редакција

Народна банка: Инфлацијата до август на годишно ниво, 11,6%

Редакција