еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

По повод 55 јубилеј, Адинг засадува за идните генерации

По повод 55 јубилејни години, одлучивме да вложиме во нешто корисно за сите нас, наместо да организираме гламурозен настан, информираат од Адинг.

„Ние сме производители од Македонија и внимаваме што ќе оставиме на идните генерации.

Идејата за акцијата дојде како одговор на големите шумски пожари и проблемите со загадувањето и затоа овојпат ќе засадиме 7.500 дрвца од видот Јасен, на површина од 3 хектари, во околината на Скопје.

Ова го правиме плански и во соработка со ЈП „Македонски Шуми“ и само во првите 20 години овие дрвја ќе апсорбираат околу 1500 тони CO₂ од атмосферата.

Инвестиравме и во сопствена фотонапонска централа, инсталирана на нашите фабрички кровови и со ова успеваме целото работење да го покриеме од сопственото производство на обновлива енергија,“ се вели во соопштението.

Акцијата е поттикната од нивните вредности профитабилност, но и одржливост.

„Ние инвестициите ги гледаме и како обврска кон татковината и придонес за подобра иднина. Како домашна компанија, имаме одговорност да вложуваме во Македонија и да ја направиме попријатно место за живот за сегашните и идните генерации. Тоа за нас претставува чесен и патриотски однос кон сопствената земја,“ се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се кандидатите за заменици министри на Беса, Алтернатива и Демократското движење

Редакција

Инфлацијата во јуни падна на едноцифрена бројка – 9,3%

Редакција

Државата треба да го реши и станбеното прашање на фамилијата Белчовски, која ги донираше органите на трагично загинатата Верица

Редакција