еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По 25 години донесен нов Закон за употреба на македонскиот јазик

По 25 години денеска пратениците во македонското Собрание донесоа нов Закон за употреба на македонскиот јазик, кој ќе го замени досегашниот од 1998 година.

За истиот гласаа сите 96 присутни пратеници.

Законот пропишува задолжително лекторирање на сите материјали, со објавување на името на лекторот, задолжително вработување лектори во сите јавни институции и органите на власта, во државни институции, училишта, издавачки куќи, медиуми, со што се очекува да се зголеми и интересот за студирање македонски јазик.

Законот предвидува и формирање на Инспекторат за надзор за примена на законот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје и Белград ќе инвестираат во железничката инфраструктура на Коридорот 10

Редакција

На работното место пронајден мртов 61-годишен скопјанец

Редакција

210 здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот

Редакција