еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Се укинуваат ограничувањата за влез во Црна Гора и Ирска

Поради подобрената епидемиолошка состојба со коронавирусот, властите на Црна Гора ја укинаа обврската за поседување ковид-потврда за влез во Црна Гора и новата одлука стапува во сила  денеска, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР).

Исто така, од патниците во Ирска веќе не се бара да покажат доказ за вакцинација, доказ за закрепнување или негативен резултат од ПЦР-тестот по пристигнувањето.

-Нема барања за тестирање или карантин по пристигнувањето во Ирска. Дополнително, од патниците во Ирска веќе не се бара ни да пополнат формулар за лоцирање (PLF), информира МНР.

Повеќе информации се достапни на линкот: mfa.gov.mk.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пад на прометот на Македонската берза во август

Редакција

Груевски е во тајна комуникација со Владата, тврди Мицкоски за германскиот весник ФАЦ

Редакција

Министерот Филипче ќе остане 14 дена во самоизолација

Редакција