еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Првото бебе во 2024 е машко, се роди точно на полноќ

Првото бебе во 2024 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје во 00.00 часот.

„Породувањето беше извршено по природен пат. Бебето е од машки пол, тешко е 3.760 грама, долго е 52 сантиметар и е родено со Апгар 10/10.

Дежурната екипа на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство на чело со проф. д-р Горан Димитров ја породи 34-годишната родилка Наташа Стефковска од Скопје.

На новороденчето му посакуваме добро здравје и среќно детство. Во првите 15 минути од Новата Година на ГАК се родија три бебиња. Им посакуваме среќно и радосно детство,“ велат од ГАК.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелациониот суд ја укина пресудата за Сашо Мијалков и Мендух Тачи за „Титаник 2“

Редакција

Министерството за правда немало ингеренции да го спречи отварањето на бугарскиот клуб „Цар Борис III“

Редакција

Пендаровски: Акцискиот план на Бугарија повторно навлегува во идентитетот на македонската нација

Редакција