еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Преговорите со Скопје се завршени, дијалогот да го продолжи со ЕУ, вели Радев

Бугарскиот претседател Румен Радев, коментирајќи ја изјавата на македонскиот премиер Христијан Мицкоски дека е подготвен кога било и каде било да разговара со него за решение за спорот помеѓу двете земји, откако се појави неофицијална информација за можна средба на двајцата во ноември во Будимпешта, Унгарија, изјави дека преговорите со Скопје се завршени пред две години, а дијалогот треба да го продолжи со Европската унија (ЕУ).

Смета и дека нема потреба од било какво посредување помеѓу двете земји.

„Мојот став по тоа прашање е јасен и добро познат. Јас секогаш сум бил отворен за дијалог. Но, исклучително важно е да се прави разлика меѓу дијалог и преговори. Тоа се две различни работи.

Преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија завршија во јули 2022 година кога двете држави го потпишаа двостраниот протокол врз основа на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Ако зборуваме за дијалог, тој треба да се води меѓу Северна Македонија и Европската комисија, и тоа врз основа на прифатената Преговорачка рамка за Северна Македонија, која со консензус, едногласно е усвоена од сите земји членки на ЕУ и е прифатена од Владата на Северна Македонија.

Значи, таму треба да се води дијалог, и тоа дијалог за условите кои треба да ги исполни Северна Македонија за да може да ги отопочне преговите за членство во ЕУ. Сите овие работи јас многу добро сум ми ги објаснил и на премиерот Виктор Орбан и тука нема никаква потреба од посредување“, изјави тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешко ќе биде прифатен предлогот за одложена примена на уставните измени, вели евроамбасадорот Рокас

Македонија ќе почне преговори со ЕУ кога ќе ги внесе Бугарите во Уставот, порачаа од Европската комисија

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предупредување од „Енергоатом“: Руски ракети летале ниско над најголемата европска нуклеарна централа во Запорожје

Редакција

(Фото) Во Дубровник прва средба на Османи со неговата бугарска колешка Габриел

Редакција

За првпат голема изложба во Кунстхале Виена со дела од вредната колекација на Музејот на современата уметност-Скопје

Редакција