еМагазин
Image default
Забава

Премиера на детската новогодишна претстава „Приказна за фамилијата Мраз” во кино Милениум

На 23 и 24. декември со две изведби од 11 и 13 часот, премиерно ќе биде изведена преставата „Приказна за фамилијата Мраз” во градското кино Милениум.

Главните актери во преставата Ненад Митевски, Бојан Кирковски и Наташа Петровиќ, кои помладата публика добро ги препознава од своите омилени претстави во нивниот матичен „Театар за деца и младинци”, ќе се обидат на комичен, едукативен и крајно забавен начин ја пренесат новогодишната магија кон најмладата публика.

Преставата говори за магичен свет, во кој постојат дури двајца „Дедо Мразовци“. Преку ликовите, најмладите ќе се запознаат подобро со „проблемите со кои се соочуваат двајцата помошници на Дедо Мраз, Тони и Ѕвони”, како и незгодите и збрките кои ќе ги предизвикаат помошниците на братот на Дедо Мраз, Црни и Токсик чија намера ќе биде „да се упропасти Новата Година”.

Од кино Милениум и МКЦ ветуваат одлична забава за најмладите, но и за возрасните присутни со своите најмили.

„Приказната за фамилијата Мраз” е претстава која е ко-продукција меѓу Скопје Комеди и новоформираната екипа „Весели Ирваси”.

Билети за преставата може да се најдат на онлајн линкот за продажба www.bileti.mkc.mk или на билетарницата на киното Милениум ппо цена од 300 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одложен фестивалот „Мозаик“ поради препораките за ограничување на масовни јавни собири

Редакција

Вечерва концерт на „Фолтин“ во Јавна соба, во рамки на фестивалот „Светско, а наше“

Редакција

(Видео) Викторија Лоба супер секси во нова колекција костими за капење

Редакција