еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Почина пејачот Масимо Савиќ

На 60 годишна возраст почина познатиот хрватски пејач Масимо Савиќ.

„Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, нѐ напушти по кратка, но херојска борба. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души; насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Ние ќе бидеме ваши девојки засекогаш. Ани и Мирна“, објавија неговата сопруга и ќерка на неговата официјална страница.

Масимо е роден на 6 јуни 1962 година во Пула, а средното образование го завршил во Загреб, каде што ја започнал својата музичка кариера.

Савиќ починал во болницата во Виноград каде се лекувал од рак на белите дробови.

Ќе го паметиме по бројните хитови, меѓу кои и „Странац у ночи“.

Фото: Фејсбук/Савиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прашањето за јазикот не е само одбрана на македонскиот, туку и на европскиот идентитет и вредностите на ЕУ, рече Димитров на „Преспа форумот за дијалог“

Редакција

(Видео) МПЦ-ОА повикува на смирен протест и да не се потпаѓа на никакви провокации

Редакција

Кво вадис Македонијо: Сатанисти убиваат животни, ученици се фрлаат низ прозор, градоначалници шверцуваат…

Редакција