еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Прашањето за јазикот не е само одбрана на македонскиот, туку и на европскиот идентитет и вредностите на ЕУ, рече Димитров на „Преспа форумот за дијалог“

Неприкосновено право на секој народ е правото на самоопределување и да го одбере јазикот на кој зборува. Тоа е право на луѓето што живеат тука, а не на друга држава или која било меѓународна организација.

А прашањето за јазикот и оваа наша борба не е само одбрана на македонскиот идентитет, туку борба за зачувавање на европскиот идентитет и вредностите што треба да ги предводи ЕУ.

Ова го истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во обраќањето на Преспа форум дијалогот „Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна“ што од денеска се одржува во Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска и утре во Охрид и Отешево: Високи претставници од Европа и САД на „Преспа форумот за дијалог“

Димитров пред учесниците на панелот посветен на пристапувањето во ЕУ, насловен: „Патот кон ЕУ: што да очекуваме кога очекуваме?“ посочи дека Северна Македонија успеа да го реши долготрајниот спор за името токму затоа што Грција го призна и прифати правото на граѓаните на самоопределување.

Но, сега земјата на патот на нејзината евроинтеграција се соочува со проблем што, како што појасни, досега бил третиран како прашање од техничка природа.

Според него, прашањето за јазикот и оваа наша борба не е само одбрана на македонскиот идентитет, туку борба за зачувавање на европскиот идентитет, токму на вредностите за кои ЕУ треба да ги предводи.

– ЕУ не е само економски гигант, туку водечки пример во наративот на вредности. Преку Лисабонскиот договор државите-членки на Унијата се обврзаа да ги штитат и негуваат јазичните и културните различности на контитентот, така што не е европски ние сега да се соочуваме со пречка што досега беше третирана како прашање од техничка природа, рече тој.

Притоа Димитров посочи дека природно е овој дел на Европа да биде дел од ЕУ оттаму што припаѓа тука и географски, економски, историски, политички.

– Бегалската криза и појавата на т.н. „Балканска рута“ беше очигледен пример дека регионот е интегрален дел на европската безбедност и ЕУ.

Најголемиот проблем што ЕУ го има по однос регионот денеска е губењето на довербата и вербата на луѓето од Западниот Балкан во декларациите и одлуките што ги носат европските лидери.

Станува збор за регион што се наоѓа во дворот, а не на границите на ЕУ, што дава дополнителна тежина на проблемот со кој се соочува Унијата, а чие нерешавање долгорочно како последица ќе значи за силите во регионот што веруваат во европските вредности, рече тој.

Вицепремиерот Димитров е предвидено да има свое обраќање попладне на официјалното отворање на Преспа форумот за дијалог „Патот до Преспа“, како и на пленарната сесија во рамки на собирот во Охрид закажана за утре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ мора да си ги исполни ветувањата за Македонија и Албанија, порача Метју Палмер на “Преспа форумот за дијалог“

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 29. јуни во Скопје две паради: Едната за подршка на ЛГБТИ заедницата, другата за за поддршка на традицијата, бракот и семејството

Редакција

Пандемијата е далеку од завршена: Европа е единствениот регион во светот каде што расте бројот на заразени со Ковид-19

Редакција

ММФ за годинава предвидува раст на македонската економија од 2,1, а цените да пораснат за 9,2%

Редакција