Следната сабота (29. јуни) за кога е најавена првата Парада на гордоста во Македонија, за подршка на ЛГБТИ заедницата, во Скопје ќе се одржи и настан за поддршка на традицијата, бракот и семејството.
Организатор е граѓанската платформа „Сојуз за живот„, а поворката, како што најавуваат од таму ќе прошета по улиците на градот, тргнувајќи од пред платото пред црквата Св. Богородица од 10 часот.
„Настанот е граѓанско-верски затоа што како граѓани на Македонија, но и како членови на верските заедници (МПЦ – ОА, Римокатоличка црква, Евангелско – методистичка црква, Евангелска црква, ИВЗ и други), како и преку здруженија, организации и движење заедно се здружуваме во Сојуз за живот“, велат организаторите.
Предвидено е во дворот на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, да се прочита заедничка декларација за заштита и промовирање на традиционалното и природно разбирање за тоа што е брак, семејство, пол и род.
На 30. јуни пак во Битола ќе се одржи „Битолска парада на гордоста“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прва парада на гордоста на 29 јуни во Скопје
И битолчани ќе прават Парада на гордоста
Фото: Википедија