еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Претпладне многу топло време, попладне со локален дожд и грмежи

Сончево и многу топло ќе биде денеска времето. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност ќе биде и во главниот град на државата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Синоптичарите најавуваат многу топло време до среда. Дневната температура ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигнува и до 40 степени. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бранко Црвенковски слави роденден, наполни 57 години

Редакција

Затоа што превенцијата е половина здравје: ДМ Дрогерие маркт организира бесплатни дерматолошки прегледи

Редакција

(ВИДЕО) Остана без пензија: Два месеца штипјанка пред ПИОМ не може да докаже дека е жива

Редакција