еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева си поднесе оставка

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, на која мандатот ѝ истекува задутре, денеска си поднесе оставка од функцијата.

Таа ќе остане член на Советот, додека ѝ трае мандатот.

Оставката, како што соопшти самата, ја дала поради притисок од политичари од власта, кои правеле обиди да го нарушат нејзиниот личен интегритет, но и за да го заштити семејството.

-Политичарите, претседателот на Владата, изразуваат критики за Судскиот совет, негативен став за судиите. И сметам дека единственото нешто што ми останува е да го зачувам мојот мир и спокојство.

Затоа, поднесувам неотповиклива оставка од функцијата, рече Дамева, посочувајќи и дека премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница изнел наводи дека во Судскиот совет имало кланови и дека се фалсификуваат записници.

-Во неколку наврати, тој и политичари од сегашната власт се обраќаа со негативни ставови за членови на Судскиот совет. Сето тоа во насока да се претстави во јавноста дека јас или членови на Советот не ја извршуваме функцијата професионално и стручно.

Бевме посочени како тела кои треба да бидат распуштени. Во телевизиско гостување истакна и дека на нашето место треба да дојдат нивни луѓе, претпоставувам дека тоа се однесува на судии или обвинители кои се блиски до владеачката политичка партија.

Поразително е за една демократска држава, рече Дамева, потенцирајќи и дека и од страна на потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, биле изнесени закани со кривична одговорност.

Лани Дамева беше незаноски разрешена од фунцијата осум месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Весна Дамева, која се врати на чело на Судскиот совет

Каков имот пријавила Весна Дамева, претседателката на Судскиот совет, која е разрешена

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тендер „тежок“ 19.500 евра: Агенцијата за иселеништво купува апликација за изучување мајчин јазик

Редакција

Казнети 644 лица за неносење маска

Редакција

Починаа 22 лица од Ковид-19, најмладите на 47 и 48-годишна возраст

Редакција