еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приведен кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот Јанчев

Синоќа во Кавадарци е приведен 35-годишен маж од градот, кој се однесувал насилно и му се заканувал на градоначалникот на Општината, Митко Јанчев, во угостителски објект.

„Синоќа во 23:35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н. (35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј. (43) од Кавадарци и му упатил закани“, велат од Министерството за внатрешни работи за државната агенција МИА.

Тој бил задржан во станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 1.753 оздравени од Ковид-19

Редакција

(Фото) Новото вечно почивалиште на Тоше ќе биде готово до јуни, еве како ќе изгледа

Редакција

490 казни за неносење маска

Редакција