еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Приклучете се на електродистрибутивната мрежа без посета на приемните канцеларии

Од денес, Електродистрибуција воведува целосна дигитализација на процесот на приклучување на  електродистрибутивната мрежа, информираат од таму.

„Сите корисници кои имаат потреба од нов или реконструиран приклучок отсега нема да имаат потреба да ги посетуваат приемните канцеларии и процесот на приклучување ќе се одвива комплетно онлајн на новата Е-платформа на Електродистрибуција.

Воведувањето на дигитализацијата во клучните аспекти на работа, ќе им овозможи на корисниците поквалитетни и доверливи услуги. Дизајнот на платформата е интуитивен и респонзивен со цел да им биде достапен на сите корисници без разлика на тоа каков уред поседуваат и нивното техничко познавање.

Е-платформата пред сè на корисниците им заштедува на време и трошоци за посета на приемните канцеларии. Понатаму, во текот на постапката, тие имаат целосен и транспарентен увид во постапката за приклучување.

Во секој момент можат да го погледнат актуелниот статус на реализација на барањето, а одобрувањето на документацијата е електронско – брзо и едноставно. Корисниците имаат пристап до сите документи поврзани со барањето и ќе добиваат навремени известувања за промена во статусот на барањето на е-пошта и во рамки на корисничкиот профил на е-платформата,“ се вели во соопштението.

Поднесувањето на барање за нов приклучок е лесно и едноставно. Најпрво, корисникот што има потреба од приклучување на мрежата треба да креира профил со валидна е-пошта и лозинка за оваа намена. Профилот треба да се активира на линкот што ќе пристигне на е-поштата. Следен чекор е најава со внесување на е-поштата како корисничко име и лозинката. За започнување на процесот се одбира опцијата – „Поднеси барање“ и се следат понатамошните чекори.

Електродистрибуција продолжува со модернизација на услугите и дигитализацијата на процесите. На е-платформата во иднина очекуваме дополнително надградување на опсегот на услуги за корисниците, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ужас во скопски Карпош: Мајка ја држела „под клуч“ и ја малтретирала 16-годишната ќерка

Редакција

Како да отворите платежна сметка со основни функции: Што овозможува и колкав надоместок се плаќа

Редакција

(Фото) Министерката за култура Костадиновска Стојчевска, во елегантен фустан од кашмир и свила во Рим, дело на македонскиот дизајнер Папаз

Редакција