еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Приколка од товарно возило усмрти маж во Куманово

Приколка од товарно возило вчера во Куманово усмртила 65-годишен маж од селото Младо Нагоричане, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Станува збор за Л.Д.

Несреќата се случила на крстосницата од улицата.„Ѓорче Петров“ и крак од улицата.„Ѓорче Петров“ во Куманово. Тој бил удрен од приколка и починал на лице место.

Настраданиот со товарно возило влекач „ман“ со приколка превезувал работна машина багер.

На местото на несреќата го запрел возило со сопатникот Љ.Б. (37) од селото Бразда и започнале со истоварање на работната машина од приколката. Откако Љ.Б. влегол во багерот, Л.Д. останал надвор од возилото да му дава насоки да го спушти од приколката.

Притоа, приколката се придвижила, при што влекачот удрил во паркирано патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.В. (47) од Куманово, кој се здобил со повреди, констатирани во болницата во Куманово.

Во обид да го запре возилото, Л.Д. бил прегазен од приколката и од здобиените повреди починал.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Универзитетската клиника по хируршки болести вработува 21 лице, плата до 27.028 денари

Редакција

Стопанска банка Скопје во првите три месеци ја зголемила добивката за 30%

Редакција

ЈСП Скопје отвора нова линија 29, од Жданец до Сити мол

Редакција