еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Македонски Телеком ја носи на пазарот новата генерација 5G паметни телефони на Дојче Телеком: T Phone 2 и T Phone 2 Pro.

Уште со првите верзии на T Phone идејата беше да се овозможат  5G телефони за сите со одлична цена и перформанси, што ќе биде основа на дигиталната инклузија ширум Европа. Секој треба да има можност со максимална брзина да се поврзе со сè она што му е важно во животот – во духот на нашиот слоган „Connecting Your World“. T Phone 2 моделите го одат токму овој пат.

Новите уреди нудат големи подобрувања и оптимизирано корисничко искуство, вклучувајќи моќен процесор, извонредна одржливост и пристапни цени. T Phone 2 и T Phone 2 Pro се втората генерација на модели коишто се развиени во партнерство со Google.

Спој на одржливост и перформанси: T Phone 2 и T Phone 2 Pro поставуваат нови стандарди

Новите уреди се доказ дека еко дизајнот и извонредната цена и перформанси не се исклучуваат меѓусебно. T Phone 2 и T Phone 2 Pro се издвојуваат во однос на одржливоста. Тие постигнаа одлични еко рејтинг резултати. Со оцена 88/100 за T Phone 2 и 84/100 за T Phone 2 Pro, двата уреди котираат високо во рангирањето.

Двата модела се стекнаа и со ознаката „Green Magenta“ на Дојче Телеком, којашто се доделува на производи што придонесуваат во заштитата на животната средина и одговорното користење на ресурсите.

Уредите се карактеризираат со натпросечна можност за рециклирање и доаѓаат во мали пакувања изработени од одржливи материјали што не содржат пластика. Оптимизираната употреба на полупроводници ги намалува емисиите на стакленички гасови во текот на производствениот процес.

Во однос на корисниците, одржливото користење е потпомогнато од фактот што новите T Phone уреди добиваат месечни софтверски и безбедносни ажурирања од Телеком, како и ажурирања на системот на Google во период од три години. Во четвртата и петтата година, ажурирањата на софтверот ќе бидат достапни секое тримесечје. Двата модела ќе добијат по две надградби на оперативниот систем.

Силни перформанси за сечиј животен стил

Срцето на новите модели на T Phone е процесорот Snapdragon® 6 од првата генерација − важен пробив во овој ценовен сегмент. Чипсетот овозможува висококвалитетно искуство − без разлика дали станува збор за видео повици, стриминг или мобилни игри.

6,6-инчниот FHD+ 120 Hz дисплеј (T Phone 2) или 6,8-инчниот FHD+ AMOLED 120 Hz дисплеј (T Phone 2 Pro) овозможува удобно користење – непречено и стабилно искуство благодарејќи на RAM меморијата од 6 GB (T Phone 2) и од 8 GB (T Phone 2 Pro).

Тројната камера од 50 мегапиксели и предната камера од 8 мегапиксели (T Phone 2) / четирите камери од 50 мегапиксели и предната камера од 16 мегапиксели (T Phone 2 Pro) овозможуваат прецизно фотографирање. Камерата со висока резолуција на T Phone Pro 2 вклучува оптичка стабилизација на сликата. Тоа значи дека острината на сликите е можна дури и при силно движење.

T Phone 2 нуди голем простор за складирање со 128 GB, додека кај T Phone 2 Pro тој е со 256 GB.
Двата уреди се опремени со слот за двојна SIM-картичка, којшто поддржува нано SIM картичка и eSIM картичка, со тоа што можноста за eSIM картичка е уште еден чекор напред во овој ценовен опсег.

T Phone 2 е достапен во арктичка сива боја, а T Phone 2 Pro во азурна сина боја.

Истовремена промоција во повеќе европски земји и САД

Од 23. мај, T Phone 2 и T Phone 2 Pro ќе бидат достапни на десет европски пазари: Австрија, Хрватска, Чешка, Германија, Унгарија, Црна Гора, Македонија, Полска, Романија и Словачка. Истовремено, T-Mobile US ќе ги пласира на американскиот пазар овие нови уреди под брендот REVVL.

Доминик Лерој, член на Управниот одбор за Европа во Дојче Телеком АД, изјави: „Без разлика дали нашите корисници уживаат во нивните омилени серии во движење, водат видео разговори со саканите или споделуваат фотографии од одмор, со нашите T Phone 2 и T Phone 2 Pro постојаната поврзаност е лесно достапна во секој момент.

Возбудени сме што ќе им понудиме на нашите корисници уште поголема вредност, додека истовремено ѝ помагаме на животната средина и се осигуруваме дека сè повеќе луѓе во Европа имаат пристап до дигиталните услуги“.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Која е Маја Јанеска, Македонка од Охрид, која загина во Африка

Редакција

Кирацовски: Баба ми и сестра ми се повлекуваат од работните места

Редакција

„Супертрејд“ го доби тендерот на општина Куманово за набавка на 558.000 литри масло за горење

Редакција