еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Продолжува приказната на докторката Марија која почина од рак на дојка: Да донираме за бесплатни прегледи за ранливи категории

Измина една година откако нѐ напушти Марија Бунда Калпак, докторката која отворено ја споделуваше својата приказна за да ја подигне свесноста за карциномот на дојка.

Марија беше личност која многумина ја паметат не само по нејзината стручност, туку и по нејзината насмевка, позитивна енергија и неверојатен дух, кој носеше ведрина и инспирација да се пребродат најтешките животни предизвици и со нејзиното искуство ќе мотивира други жени да се грижат за своето здравје.

Во едно интервју изјави:„Ако мојата приказна ги поттикне жените на било која возраст да прават редовни прегледи, ќе сметам дека сум ја постигнала целта.“

Марија неуморно ја истакнуваше важноста на превенцијата, почнувајќи од самопрегледи на дојките,сè до специјализирани прегледи како ехо на дојки и мамографија. Нејзината храброст и отвореност инспирира многу жени повеќе да се грижат за своето здравје и да преземат мерки за рано откривање.

„Во нејзина чест и со голема гордост сакаме да ја продолжиме иницијативата што ја започна и на таков начин и понатаму да се пренесува нејзината мисија за подигнување на свесноста за ракот на дојка. Во октомври–месецот посветен на борба против рак на дојка организираме донаторска акција.

Оваа акција ќе биде активна во тек на октомври и ќе трае до 3. ноември роденденот на Марија, ден кој ќе нѐ потсетува на нејзината насмевка и ведар лик,истовремено ќе нѐ повикува да сме активни, свесни и дејствуваме во розовиот месец октомври.

Со собраните средства имаме две цели и тоа: да се набават ваучери од „Medicus help” за перики, протези и други помагала, неопходни на пациентките со оваа дијагноза, кои ќе бидат донирани на Клиниката за онкологија и радиотерапија, да се обезбедат бесплатни прегледи за eхо на дојки и мамографија за ранливи категории,во дел од приватните клиники.

„Целта е да ја издигнам свеста за навремено откривање, па така секој еден преглед што ќе го поттикнам е голема среќа за мене” – Марија.

Нејзината цел отсега е и наша цел,“ велат од ecrowd.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Розов пикник за подигање на свеста за борба против ракот на дојка, во сабота во Градски парк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одложена лицитацијата за имотот на фирмата ДЕНА, за која алармираше австрискиот амбасадор

Редакција

(Видео) Русите објавија видео од Сиријците кои за Русија ќе се борат во Украина

Редакција

МВР склучи договор со Геометар Про. Инг. вреден 575,6 илјади евра

Редакција