еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во Белград Конференција за инвестиции во енергетиката во Западен Балкан

Во Белград почна Конференцијата за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан во организација на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Кралството Норвешка на која учествува и премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, како и премиерите на Албанија и Црна Гора, Еди Рама и Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија.

Целта на конференцијата е пред инвеститори од Кралството Норвешка да се презентираат можностите за инвестирање во капацитети за производство на струја од обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан.

Конференцијата ја отворија српскиот претседател Вучиќ и Андреас Б. Ериксен, заменик министер за енергетика и специјален пратеник на премиерот на Кралството Норвешка.

– Во енергетиката се потребни големи реформи, промена на навиките и огромни вложувања наредните години во износ меѓу 16 и 30 милијарди евра, порача Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што посочи, не постојат лесни ниту едноставни решенија, но сето тоа мора да се преземе, оти во спротивно ќе се соочиме со катастрофа.

– Србија мора да прави реформи, да менува навики и да работи на поинаков начин и затоа побара помош од пријателите од Норвешка кои понудиja некакви решенија, додаде Вучиќ.

Тој наведе дека Србија во следните 10 или 15 години ќе треба да инвестира меѓу 16 и 33 милијарди евра во енергетскиот сектор, што значи дека најголемиот предизвик за сите идни влади во регионот ќе биде подобрувањето на енергетскиот сектор.

Можеби само здравството е исто толку важно како енергетскиот сектор, рече Вучиќ и додаде дека земјите од регионот знаат дека мора подобро да се поврзат и дека мора да се изградат нови интерконектори за гас и цевководи за нафта.

Вучиќ оцени дека ова е можност да се зголеми БДП на земјите од регионот и нивниот економски раст, истакнувајќи дека ќе биде тешко да се држат под контрола јавните финансии.

Тој посочи и дека буџетот за следната година е подготвен со ММФ, кој предвидува дефицит од 3,3 до 3,4 отсто, што, како што додаде, „не е добро, но релативно е во ред“.

-Од тоа, 45 отсто отпаѓаат на нашата расходна страна, кога станува збор за снабдувањето со енергија, што покажува колку таа стана важна, рече Вучиќ.

Тој истакна дека Србија само денеска ќе потроши повеќе од 2,5 милиони евра за увоз на електрична енергија од европската мрежа.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 238 случаи на Ковид-19 во Македонија се импортирани

Редакција

(Фото) „Бајки од Македонија за цела година“ – нови волшебни приказни за љубителите на имагинарниот свет

Редакција

Од Ковид-19 починаа 39 лица, најмногу во Скопје, 10

Редакција