еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пронајдена почината планинарка која била пријавена за исчезната на Шар Планина

Планинарка на возраст од 72 години утрово е пронајдена без знаци на живот кај месноста Ружин Камен на Шар Планина, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Таа вчера била пријавена за исчезната, а била пронајдена по повеќечасовна потрага во која биле вклучени ренџери од Националниот парк „Шар Планина“ и припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во извлекувањето на починатата жена, која била пронајдена на тежок и непристапен терен, се вклучил и тетовскиот алпинист Надир Мурсели, кој, како што велат од ЦУК, помага при вакви случаи на Шар Планина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата „Мотиви“ го доби тендерот на „Комунална хигиена“ за привремени вработувања вреден 1,8 милиони евра

Редакција

(Фото) Пуштен во употреба нов детски велодром во паркот Сарај – донација од Стопанска банка

Редакција

Кои се компликациите од голема кашлица, како се пренесува и лекува?

Редакција