еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Протест за Фросина во сабота во Неготино

Под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ во сабота во Неготино ќе се одржи протест за 22-годишната Фросина Кулакова.

Протестот, како што информираат организаторите ќе се одржи во 14 часот на улицата „Маршал Тито“, кај семафорите.

– Време е да ја подигнеме свеста за трагедиите што секојдневно се случуваат на нашите улици. Маршираме за да испратиме силна порака, доста е со жртви на улиците.

Овој протест е за Фросина, за Викторија, за сите жртви на сообраќајното насилство и за сите чии животи се изгубени поради немарни возачи и неефикасни институции. Секој од нас е изложен на опасности во сообраќајот. Никој не е заштитен од трагедија. Не смееме да дозволиме оваа серија загуби да продолжи, стои во повикот за протестот.

Барањата на протестниот марш се безбедни улици за сите, почитување на пешачките премини, ограничувањата на брзината и правата на сите учесници во сообраќајот.

Се бара и поголема свест за опасностите, строга контрола за возење под дејство на алкохол и наркотични супстанци, како и најстроги казни за сообраќајните насилници, без толеранција за оние што возат без дозвола, без соодветна обука или намерно ги загрозуваат животите на другите.

Се бара и одговорност од институциите, крај на заташкувањето на сообраќајните злосторства и правна правда за жртвите.

– Фросина заслужува правда. Викторија заслужува правда. Сите жртви на сообраќајното насилство заслужуваат правда, велат организаторите на настанот.

Другарките на Кулакова организираат и бесплатен автобус од Скопје до Неготино и назад, за сите што сакаат да присуствуваат на протестниот марш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со Фросина Кулакова било прегазено и нејзиното куче Аја, ја чекало под автомобилот на Васил

Васил Јованов сакаат да го претстават како да се шекнал од болка, вели Тодор Кулаков, таткото на Фросина

„Нашите планови ги срушија за миг“: Емотивна објава на момчето на Фросина Кулакова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Јолевски за изборот на Абази: Не сме вклучени во изборот, исклучени сме од секакво мислење

Редакција

Пожарот на Галичица се гаси, се апелира да не се шири паника

Редакција

Одложени состаноците на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ на кои се очекуваше Заев да поднесе оставка

Редакција