еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Разбиена“ криминалната група „Барон„: За убиство наплаќала од 10.000 до 250.000 евра

Акција на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја „разби“ скопската криминална група “Беланоца/Барон“, која меѓудругото за убиство наплаќала од 10.000 до 250.000 евра.

Со акцијата се расчистени неколку убиства, меѓу кои и тоа во кафулето „Шиша бар„ во Скопската чаршија.

Во случајот се осомничени 18 лица, од кои 14 лица како нарачатели, помагачи или директни извршители на убиства, 12 лица се осомничени за злосторничко здружување, петмина и за кривичното дело Тешки дела против општата сигурност, а останатите четири лица се товарат за кривичното дело Изнуда.

Во акцијата се уапсени четворица, а еден сам дошол во полициска станица.

Две лица се веќе во притвор за кривични дела од други кривично правни настани. Лицето кое само се пријави во полициска станица е со претходно определени мерки за кривично правен настан за кој се сомничи. За двајца осомничени се распишани меѓународни потерници од претходно, а шестмина се недостапни на органите на прогонот, од кои еден е недостапен од претходно.

Во текот на акцијата се направени претреси на 30 локации во општините Чаир, Арачиново, Шуто Оризари, Бутел и Студеничани. Притоа се пронајдени поголем износ на пари, злато, огнено оружје и други предмети.

Единиците на МВР и македонската Армија се уште постапуваат на неколку локации во насока на пронаоѓање на доказен материјал и предмети што ќе помогнат во расветлување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Армијата, багер, детектор за метал и куче вклучени во пребарување на имот на криминалците од „Барон“

Како се формирала криминалната група: Детали од Обвинителството

-Првоосомничениот кој во моментов е на издржување на казна затвор, заедно со уште четири лица од кои две се во притвор, едно лице e лишено од слобода, a едно лице e починато, создале група со цел извршување на кривично дело убиство. Припадници на групата станале останатите осомничени, други неидентификувани лица и сега починати лица.

Организаторите на криминалната група подготвувале планови и носеле одлуки кој, каде, кога и на каков начин ќе биде ликвидиран. Притоа, одлуките ги спроведувале лично или преку други припадници на групата плаќајќи од 10.000 до 250.000 евра за убиство.

Па така, во име на поддршка на радикалното движење во РСМ или заради безобзирна одмазда кон лица од спротивставена криминална група во периодот од 2020 до 2024 година во шест кривично правни настани лишиле од живот осум лица, три лица биле тешко повредени, а на три лица животот им бил во опасност.

Прибраниот доказен материјал упатува и на кривично правен настан од 2016 година кога првоосомничениот заедно со уште две лица извршиле убиство во с. Сингелиќ.

Оваа група од почетокот на 2023 година до октомври 2024 година дејствувајќи според поделени улоги со намера да прибават значителна имотна корист во повеќе наврати извршила и кривично дело Изнуда.

Искористувајќи исти прилики дел од членовите на групата преземале повеќе дејствија и на особено насилен начин и сериозна закана, како и со опожарување на повеќе објекти на територија на Град Скопје изнудувале парични средства на месечно ниво, но барале и исплата на поголеми парични износи еднократно.

Од прибраниот доказен материјал произлезе дека еден од организаторите на групата кој е на издржување на казна затвор во период од јуни 2022 година до април 2023 година со умисла поттикнал на извршување на кривично дело Тешки дела против општата сигурност, бидејќи од страна на полициски службеници бил оневозможен да извршува кривични дела поврзани со лихварство и продажба на дрога во затворот. Па така, во три наврати поттикнал лица кои опожариле три возила на полициски службеници предизвикувајќи штета од поголеми размери, велат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека се исполнети условите за четворицата лишени од слобода до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување на мерката притвор, додека тројца од осомничените се на издржување на затворска казна, а две лица се во притвор за кривични дела од други кривично правни настани.

-Лицето кое само се пријави во полициска станица е со претходно определени мерки за кривично правен настан за кој се сомничи. За двајца осомничени се распишани меѓународни потерници од претходно, а шестмина се недостапни на органите на прогонот, од кои еден е недостапен од претходно, велат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Помилуваниот член на “Барон“ од Сиљановска Давкова уапсен за обид за убиство

(Видео) Објавена снимка од подметнувањето на пожарот во кафулето „Барон“ во Чаир

(Фото) Кој е осомничениот за убиството на Орхан Бајрам – Оки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во последните три дена, 69 нови случаи на Ковид-19, 85 оздравени, нема починати

Редакција

36-годишен Србин пронајден мртов во стан во Скопје

Редакција

Продолжи судењето за „Титаник“, за незаконско финасирање на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција