еМагазин
Image default
Македонија

Продолжи судењето за „Титаник“, за незаконско финасирање на ВМРО-ДПМНЕ

На денешното рочиште за случајот „Титаник”, кој и понатаму е во фаза на доказна постапка, односно презентација на сведоците од Обвинителство, сведочеше поранешна членка на ВМРО-ДПМНЕ, од Штип, која призна дека донирала средства за партијата.

– Средствата од членарината ги собиравме организирано. Некој средства ги имам платено во Кочани, другите во Штип. Личната членарина беше меѓу 300 и 500 денари, но не мора да значи дека тоа е толку, рече сведокот од Штип.

Воедно, сведокот истакна дека во нејзино име се платени и средства и од други членови.

Друг сведок од Обвинителството, по професија наставик од Охрид, посочи дека во четири или пет наврати уплатил донација во име на партијата.

– Еднаш имам платено 10, потоа 13, 30 и еднаш имам платено 15 или 18 илјади денари како донација. Првата донација колку што памтам беше во 2013 година, изјави сведокот.

Сведок од Битола, пак, истакна дека од лична желба донирал средства за партијата ВМРО-ДПМНЕ. Тоа, според него обично го правел пред избори.

– Најголема сума што сум ја уплатил колку што памтам е околу 13 илјади денари, рече сведокот.

Судскиот предмет за незаконско финасирање на ВМРО-ДПМНЕ, го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.

Меѓу другото, во отсуство во Кривичниот суд Скопје, за овој предмет како прво осомничен му се суди и на Никола Груевски, кој моментално е во бегство во Унгарија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промена на времето: Неделава посвежо за четири до седум степени

Редакција

Задолжителен карантин за лица кои доаѓаат од Африка, бара Комисијата за заразни бoлести

Редакција

Прва дојава за бомба на настан на кој требаа да учествуваат премиерот и министри во Александар палас

Редакција